Роналдо посебно верува во еден играч: Ниту јас, ниту Меси не бевме толку добри

by Стефан
1 минути читање

Роналдо и Меси доминираа во европскиот фудбал долги години и заедно освоија дури 13 „Златни топки“ , но нивното време изминува и нови момци сега блескаат на најголемата сцена.

Во последните години се најавуваше дека Килијан Мбапе ќе биде новиот најдобар фудбалер во светот, меѓутоа во последниот период Французинот не игра како што се очекува од него и некако падна во втор план.

Винисиус Жуниор е тој кој има најголеми шанси да ја свои „Златната топка“, тука е Џуд Белингем, Ерлинг Халанд има одличен почеток на сезоната, а никој не смее да го отпише ниту Ламин Јамал.

Јамал сега доби големи пофалби и од Роналдо кој истакна дека ниту тој, ниту Меси не биле толку добри на 17 години колку што сега има Јамал.

„Ниут јас, ниту Меси не го правевме она што Јамал го прави во своите години. Гледам голем потенцијал во него, има неверојатен талент. Секако има уште многу време и се надевам ќе има среќа да нема проблеми со повредите. Верувам дека ќе биде најдобар во својата генерација“, изјави Роналдо.

Јамал иако не е полнолетен веќе успеа да го освои Европското првенство со Шпанија, а на турнирот беше еден од најдобрите фудбалери.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани