177
Кристијано Роналдо е најпопуларниот фудбалер на социјалните мрежи, а сега одлучи да отвори и свој јутјуб канал каде што веднаш објави неколку видеа и најавува свој подкаст.
На каналот кој Роналдо го отвори денеска веќе собра над 2.5 милиони претплатници.
„Чекањето заврши. Мојот јутјуб канал конечно е тука. Придружете ми се на новиот пат“, порача Роналдо.
Досега Португалецот немаше свој официјален канал на оваа мрежа, а сега сака преку неа и уште повеќе да се доближи до своите фанови ширум светот.