Родри ги провоцираше Англичаните: Гибралтар е шпански – Мората го потсети каде игра! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Како за некој што настапува во Премиерлигата, Родри ги премина границите за време на прославата во Мадрид, пееше дека Гибралтар е шпански, нешто што нема да им се допадне на Англичаните.

Родри кој беше прогласен за најдобар фудбалер на Европското првенство во Германија, имаше свое шоу за време на прославата на титулата кое ги изненади сите, некои непријатно.

Фудбалерот на Сити во еден момент го зема микрофонот и почна да пее „Гибралтар е шпански“.

Овој полуостров се наоѓа на југот од Шпанија, но е дел од Велика Британија, па политички е спорен.

Додека Родри пееше дека Гибралтар е шпански, во еден момент му пријде капитенот Мората и го потсети каде игра, но играчот на Сити му одговори: Не ми е гајле.

На социјалните мрежи има лавина од негативни коментари кои не му предвидуваат уште долг престој на Родри во Сити по ваквиот испад.

„Ќе биде депортиран“, „Како начин да се заврши победничката серија“, „Ако му е дотолку важно Гибралтар да е шпански, зошто е во Англија?“, „Не му е ова баш најдобар ПР“, се дел од коментарите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани