Ридигер: Мора да му дадеме слобода на Мусиала, бидејќи прави разлика!

by riste
1 минути читање

Германскиот дефанзивец, Антонио Ридигер е полн со пофалби за Јамал Мусиала и објаснува како треба да го третираат младиот фудбалер.

„Ние како тим треба да му дадеме слобода бидејќи тој ја прави разликата. Но, Мусиала уште е многу млад и ако на фудбалери како него им дадете многу одговорност, тоа може да биде премногу за нив. Затоа е важно ние останатите да си ги исполнуваме нашите обврски и на него да му обезбедиме слобода“, вели Ридигер.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани