Хорхе Сампаоли е нов тренер на француски Рен, тоа го потврди клубот преку социјалните мрежи.
64-годишниот Аргентинец стави потпис на договор до крајот на следната сезона, односно до јуни 2026 година. Тој доаѓа на клупата на Рен како наследник на Јулиен Стефан кој по лошиот старт на сезоната доби отказ.
Рен се реши за искуство за клупата, а тоа го посочи и во официјалното соопштение. Кариерата на Сампаоли е респектабилна, своевремено беше селектор на Аргентина и Чиле.
Во клупскиот фудбал работеше и во Франција водејќи го Олимпиј Марсеј, а беше тренер и на Севиља. Исто така имаше ангажмани во Сантос, Фламенго и Атлетико Минеиро во Бразил, неколку клубови во Чиле и Еквадор, како и поголем број во родната Аргентина на стартот на кариерата.