Реал ја продолжува супериорната форма, му даде пет гола на Алавес! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Реал Мадрид со убедливи 5-0 го победи Алавес на Сантијаго Бернабеу, кралскиот клуб ја темпира формата за финалето од Лигата на шампионите.

Победата ја најави Џуд Белингем уште во десеттата минута, а веќе во 27. минута Винисиус даде гол за предност од 2-0.

Во судиското продолжение од првиот дел Валверде постигна прекрасен гол за предност на Реал Мадрид од 3-0.

Течеше 70. минута кога по асистенција на Белингем, Винисиус по вторпат погоди за 4-0, а конечните 5-0 ги постави Арда Ѓулер во 81. минута од мечот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани