Реал Мадрид сезонава има сериозни проблеми со повредите, последен на листата се приклучи Едуардо Камавинга во дуелот од Лигата на шампионите против Ливерпул.
Неверојатна е ситуацијата во Мадрид, практично на секој натпревар некој се повредува, а верувале или не Камавинга беше 26. фудбалер од стартот на сезоната кој заработи повреда. Многумина оваа криза ја припишуваат на кондицискиот тим, како и лекарите.
Имаше проблеми со главниот кондициски тренер, ама Реал не се реши за промени, а главоболките за Анчелоти не престануваат – напротив само се зголемуваат.
Интересно е дека досега Реал Мадрид има повеќе повреди (26), отколку одиграно официјални натпревари – вкупно 19. Дури и да се сметаат четирите претсезонски средби, пак „кралевите“ би имале помалку мечеви од повреди…