Добро упатениот магазин за финансиски теми „Форбс“ креира листа на најбогатите светски фудбалски клубови.
На врвот на листата се наоѓа Реал Мадрид, трета година во низа. Вредноста на клубот дополнително порасна по реновирањето на стадионот и доаѓањето на Килиан Мбапе, па сега достигна сума од 6,6 милијарди долари.
Сепак, сега опасно се доближи Манчестер Јунајтед по преземањето на клубот од Џим Ратклиф и „ИНЕОС“. Клубот од „Олд Трафорд“ во моментов има богатство од 6,55 милијарди долари.
Треторангирана на листата на „Форбс“ е Барселона со 5,6 милијарди долари, пред Ливерпул со 5,4 милијарди. Англискиот првак Манчестер Сити е петторангиран со 5,1 милијарди долари, пред Баерн Минхен со пет милијарди, ПСЖ со 4,4 милијарди долари, а интересно е што Тотенхем (3-2 милијарди долари) важи за побогат клуб од Челси (3,1 милијарди) и Арсенал (2,6 милијарди долари).