Реал Мадрид во јануари ја засилува одбраната со играч од 65 милиони евра?

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид во јануарскиот преоден рок би можел да ја засили одбраната и тоа со аргентинскиот дефанзивец, Кристијан Ромеро.

Флорентино Перез како што стојат работите одлучил да му доведе уште еден дефанзивец на Карло Анчелоти. Ромеро би можел да биде единственото засилување за „кралевите“ во зимскиот преоден рок во кој Реал ретко е активен.

Најавите од Шпанија се дека понудата до Тотнем ќе биде испратена во јануари, па ќе се чека одговорот на „петлите“.
Ромеро наводно е заинтересиран да се пресели во Реал Мадрид, но неговиот договор има важност до 2027 година, па се прашува и премиерлигашот. Трансферот би можел да изнесува околу 65 милиони евра.

Кариерата Ромеро ја започна во аргентинскиот Белгран, додека во Европа пристигна во Џенова од каде што Јувентус по една сезона го откупи неговиот договор, но откако не доби шанса во Торино беше испраќан на позајмици во Џенова и Аталанта.

Аталанта го откупи неговиот договор во 2021 година, но само за 52 милиони евра да го продаде на Тотнем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани