Реал во него ја гледа иднината, а тој имаше само ЕДЕН ПАС – и тоа при почетниот удар од центар!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Бразил беше елиминирана од Копа Америка во четвртфиналето, откако по пенали загуби од Уругвај. На овој натпревар одново бразилските фудбалери прикажаа бледа игра.

И по неколку поминати денови, не стивнуваат реакциите за лошата партија на младата ѕвезда Ендрик. Момчето кое сега ќе му се приклучи на Реал Мадрид и доаѓа како огромен потенцијал имаше натпревар за заборав против Уругвајците.

Ендрик имаше само едно прецизно додавање на целиот меч, како и уште четири неуспешни. Верувале или не, единственото додавање на Ендрик кое беше погодено беше почетниот удар на натпреварот од центарот на теренот…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани