Распуканите премиерлигаши срушија рекорд по број на голови во сезона и тоа со два клуба помалку!

by 24 фудбал
1 минути читање

Премиерлигашите беа екстремно расположени за голови оваа сезона и срушија рекорд стар три децении.

Станува збор за рекордот по број на постигнати голови, кој досега го држеше сезоната 1992/93. Погодокот на Џарел Кванса од Ливерпул против Вулверхемптон беше 1.223 на број, со што се надмина претходната најефикасна кампања која имаше 1.222 гола.

Интересно е дека во таа рекордна сезона од пред три децении во Премиер лигата играа 22 екипи, наспроти сегашните 20, па бројките од таа гледна точка стануваат уште поимпресивни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани