Рамос се повреди и го чека пауза, ПСЖ се фрла во потрага по напаѓач

by 24 фудбал
1 минути читање

Гонсало Рамос се повреди во мечот од првото коло на Лига 1, во победата на ПСЖ над Ле Хавре (1-4).

Португалскиот напаѓач по 20 минути игра мораше да биде заменет, а се испостави дека повредата не е наивна. Иако не се скинати, Рамос сериозно ги оштети лигаментите во скочниот зглоб на ногата. 23-годишникот ќе мора да биде опериран и го чека пауза.

Минималната пауза која го чека Гонсало Рамос ќе биде три месеци, што е голем удар за Луис Енрике на стартот на сезоната.

Поради оваа информација, ПСЖ размислува во последните две седмици од преодниот рок да тргне во офанзива по уште еден напаѓач.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани