Хрватската легенда Иван Ракитиќ ова лето се врати во родната земја и за првпат заигра во ХНЛ за Хајдук Сплит.
Иако по авантурата во Севиља тој се пресели во Саудиска Арабија и имаше огромен договор со Ал-Шабаб, тој реши за враќање во родната земја.
Многумина ја критикуваат Саудиска Арабија и нејзината лига, а Ракитиќ застана во одбрана на ова првенство.
„Се отвори можност да заиграм во Хрватска, па си реков сега или никогаш. Во Саудиска Арабија ми беше одлично, бев среќен таму. Уверен сум дека таму лежи иднината на фудбалот. Во моментов лигата не е како Премиер, Бундес или Ла Лига. Сепак, првите чекори кон таа насока се направени“, изјави Ракитиќ.
Во кариерата Ракитиќ преку Базел и Шалке дојде до Севиља, а потоа и Барселона. Пак се врати во Андалузија, пред да се пресели кај Саудијците, меѓутоа по шест месеци се реши за трансфер во Хрватска.