81
Од попладнево главна вест во европскиот фудбал е дека Винисиус Жуниор нема да биде добитникот на „Златната топка“ која се доделува вечерва во Париз, а по таа објава Шпанците потсетија и на ситуација од „Ел Класико“ кое се играше викендов.
Имено, во еден дуел Гави го провоцираше Винисиус покажувајќи му четири прсти (4:0), додека на тоа Винисиус му одговори:
„Да, но јас ќе ја освојам „Златната топка“ во понеделеник“, а тоа ако судиме според актуелната ситуација нема да се случи.
Сите информации од Шпанија говорат дека ниту еден член на Реал Мадрид вечерва нема да присуствува на церемонијата и тоа е доволен доказ дека веројатно Родри е добитникот на престижното признание.