Продор кој вреди да се истакне: Португалецот Витиња си поигра со фудбалерите на Интер како со мали деца (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Интер вчера остана без победа во рамките од првото коло во Серија А одигрувајќи 2:2, а во завршницата од овој натпревар се истакна и Португалецот Витиња.

24-годишниот фудбалер кој во Џенова играше и минатата сезона како позајмен фудбалер од Марсеј, а летово Италијанците го откупија неговиот договор за 16 милиони евра покажа дека се работи за одличен дриблер.

Во завршницата од средбата Витиња направи сериозни проблеми на одбраната на „нероаѕурите“ кога тргна од центарот и си поигра со неколку противнички фудбалери.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани