Продолжува македонското шоу во Шкотска: Деби-гол на Трапановски во првото коло на Премиер лигата! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Продолжува македонското шоу во шкотскиот фудбал, бидејќи во првото коло на Премиер лигата својот деби гол го постигна Кристијан Трапановски.

Македонскиот офанзивец даваше голови во подоготовките и во Куп-натпреварите, а сега стрела и во првенството. Течеше 13. минута кога Трапановски донесе предност на Данди Јунајтед против градскиот ривал Данди, со одлична завршница.

Освен Трапановски, стартер за Данди Јунајтед е и Давид Бабунски кој ја носи и капитенската лента.

Пред почетокот на мечот фудбалерите на Данди му направија чест на ривалот Јунајтед со „шпалир“ бидејќи лани ја освоија Втората лига и се вратија во елигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани