Продолжува битката на „вечните ривали“: Меси израмни рекорд на Роналдо

by Стефан
1 минути читање

Репрезентацијата на Аргентина изминатата вечер со убедливи 6:0 славеше победа над Боливија во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

На теренот блескаше Лионел Меси кој постигна хет-трик и додаде две асистенции. Меси со постигнатите три гола дојде до бројката од 846 погодоци во кариерата и 110 гола во репрезентативниот дрес со што го надмина Иранецот Али Деија кој е второто место на вечната листа.

Сега пред Меси е само Кристијано Роналдо кој за Португалија досега постигна 132 голови. Но, Аргентинецот успеа да израмни еден друг хет-трик на својот долгогодишен ривал.

Имено, хет-трикот за Меси беше десетти во аргентинскиот дрес, а толку има и Роналдо за Португалија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани