226
Најавуваа медиумите на Островот дека Ајван Тони ќе се пресели во Саудиска Арабија, но според последните најави би можеле да видиме пресврт во ситуацијата.
Наводно, Челси одлучил да тргне по потписот на Тони во финишот од преодниот рок. Преговорите сепак нема да бидат лесни бидејќи Брентфорд беше спремен да ја прифати понудата од Ал Ахли од 60 милиони евра.
Тони од друга страна доби понуда за договор на три години, но се верува дека Челси може да го убеди да се премисли и да се натпреварува на највисоко ниво.
Во првите две кола Тони не играше бидејќи сите во клубот го чекаат неговиот трансфер. Ова лето е последна шанса да заработат од неговиот трансфер. Енцо Мареска наводно го сака во тандем со Николас Џексон.