48
11 ноември 2020 година е историски ден за македонскиот фудбал, тогаш Горан Пандев постигна гол во Тбилиси кој значеше пласман на Македонија на Европско првенство.
Момците на Игор Ангеловски на теренот предводени од капитенот Горан Пандев ја победија Грузија со 1-0 и изборија пласман на Европско првенство, првпат во нашата историја отидовме на голем фудбалски собир, радоста беше неизмерна.
Единствениот гол на натпреварот го постигна токму Горан Пандев, кој подоцна беше и прв стрелец на Македонија на големите натпреварувања.