129
Викендот кој е пред нас во Премиер лигата ни го носи дербито помеѓу Тотнем и Арсенал, а ова дерби по една работа ќе се разликува од претходните на теренот на „петлите“.
Имено, Арсенал за првпат по 38 години на гости кај Тотнем ќе игра во гостински дресови. Арсенал вообичаено играше со својата прва гарнитура дресови.
Но, сега од судиската организација одлучиле дека тоа нема да биде можно затоа што дресот на Арсенал за оваа сезона има премногу бела боја. Се сметало дека би постоел визуелен проблем за судиите, но и за гледачите пред екраните.
Поради Арсенал во овој натпревар ќе игра во вториот дрес кој е во црна боја.