По свирежите од навивачите на Милан, Леао се огласи со мистериозна порака! (ФОТО)

by riste
8 минути читање

Ѕвездата на Милан, Рафаел Леао со мистериозна порака се огласи на социјалните мрежи откако доби свирежи на вчерашниот меч од дел од фановите на росонерите.

Во 67. минута кога беше изваден од игра, дел оф навивачите на Милан го исвиркаа Леао кој разочаран реши да не ни седне на клупата, туку веднаш се упати во соблекувалната.

Неколку часа по мечот Леао објави пост на социјалните медиуми кој е протолкуван како одговор на свирежите на навивачите.

„Ви благодарам што постоите, има луѓе кои не го знаат значењето… Многу повеќе од пасија, религија“, напиша Леао на португалски.

Во коментари поддршка доби и од неговиот сонародник, фудбалерот на Барса, Жоао Кансело кој напиша: „Тие не знаат брате“.

Не е првпат Леао да добива свирежи од навивачите на Милан, тоа му се случи и неколкупати претходно оваа сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани