По „деветката“ за Динамо, „петка“ за Вердер – Баерн продолжи да полни мрежи (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Продолжи Баерн да ги полни противничките мрежи, па по победата од 9:2 во Лигата на шампионите против Динамо Загреб, денеска го декласираше Вердер на гости со 0:5.

Голеадата за Баерн денеска започна во 23. минута со голот на Олис, а веќе десет минути подоцна беше 2:0 со голот на Мусиала. Олис во оваа ситуација беше во улога на асистент.

На полувреме гостите заминаа со водството од 0:2, додека во вториот дел уште трипати се тресеше мрежата на домашниот тим. Стрелци беа Кејн, Гнабри и повторно Олис.

Во преостанатите натпревари Фрајбург со 0:3 беше подобар од Хајденхајм, Унион берлин го доби Хофенхајм со 2:1, а немаше победник на средбата Бохум – Холштајн 2:2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани