Репрезентацијата на Норвешка во четврото коло од Лигата на Нации претрпе убедлив пораз на гости кај Австрија со 5:1, а најмногу по овој натпревар беше критикуван Ерлинг Халанд.
Неколку фудбалери на Норвешка по тешкиот пораз се појавија пред новинарите да дадат изјави, меѓутоа Халанд не беше помеѓу нив.
Тој само помина покрај норвешките новинари без да даде некаков одговор. Критиките беа упатени за Халанд бидејќи е капитен на оваа селекција.
„Во една ваква ситуација капитенот треба да застане пред јавноста. Тој добива пофалби кога работите одат добро, но и критики кога нешто не е како што треба. Одговорност мора да се преземе“, порача норвешкиот стручен коментатор Кристоф Локберг.
Во групата од 3 од „Б“ дивизијата селекциите на Австрија, Норвешка и Словенија се со по седум бодови, додека Казахстанците во оваа за нив тешка група освоија само еден бод.