Потер по повеќе од една година се враќа во Премиер лигата?

by Стефан
1 минути читање

Екс-тренерот на Челси, Грем Потер според најавите од Островот би можел да добие нова шанса во Премиер лигата.

Клупата на Челси Потер ја напушти пред повеќе од година ипол, но од тој момент се уште е без ангажман. Со неговото име се поврзуваа повеќе клубови, па и англиската репрезентација, но до сериозни преговори никогаш не дојде.

На Островот се пишува дека како опција за него сега се појавил Евертон каде што Шон Дајч има ужасен почеток на сезоната.

По четири одиграни кола Евертон заедно со Вулвс е на делба на последното место на табелата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани