127
Португалецот Жоао Марио е ново засилување за турски Бешикташ.
Преодниот рок во Турција е отворен до 13 септември, па така Бешикташ го искористи тоа во своите редови да го доведе Жоао Марио кој пристигнува од Бенфика.
Со доведувањето на Португалецот, Бешикташ добива искуство во средниот ред. Во Бешикташ Жоао Марио пристигна на позајмица, а клубот ќе има можност да го откупи неговиот договор.
Дресот на репрезентацијата на Португалија 31-годишниот играч за врска го носеше на 56 натпревари во кои постигна три гола.