215
Поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ и официјално го напушти тимот на Ал Шахран и кариерата би требало да ја продолжи во Саудиска Арабија.
Договорот на Пјаниќ со клубот од Обединетите Арапски Емирати му истече на крајот на оваа сезона, а Шахран му се заблагодари преку официјалната страница.
Нов клуб на Пјаниќ треба да биде Ал-Раед од Саудиска Арабија и преостануваат само формалности за да се комплетира трансферот. Договорот кој треба да го потпише е со важност до 2026 година.
Вo кариерата во Европа, Пјаниќ настапуваше за Мец, Лион, Рома, Јувентус, Барселона и Бешикташ.