Репрезентацијата на Хрватска славеше победа на последната контролка пред Европското првенство против Португалија со 1:2.
Хрватска на Европското првенство ја чека тешка група во која се уште Италија, Шпанија и Албанија, а натпреварот во Лисабон е најава за добар настап на Хрватите на континенталниот собир.
Натпреварот беше отворен по само осум минути игра кога од пенал во листата на стрелци се запиша Лука Модриќ. Со преднста од еден гол Хрватска замина на паузата за изедначување во вториот дел да донесе фудбалерот на Ливерпул, Жота.
Победата за Хрватска ја обезбеди Будимир со погодокот во 56. минута. На натпреварот публиката со силни овации го поздрави Лука Модриќ, додека Роналдо не настапи и доби дополнителен одмор од селекторот пред ЕП.