Поранешната ѕвезда на Баерн Минхен и Јувентус, бразилското крило Даглас Коста од оваа сезона се пресели во Сиднеј, но си најде и нова работа.
Имено, 33-годишниот Бразилец си отвори профил на популарната мрежа „OnlyFans“, каде што главно се продаваат разголени фотографии за возрасни.
„Се приклучив на „OnlyFans“ бидејќи верувам во оваа фирма и нејзиниот потенцијал. Како креатор ќе пружам ексклузивна содржина која нема да биде достапна на социјалните мрежи и ќе направи промена“, изјави Бразилецот.
Очигледно се работи за некаква соработка според која тој ќе ја рекламира компанијата. Сепак, Даглас Коста има интересен карактер и тешко е да се претпостави каква содржина ќе пружа.
Неговиот профил на „OnlyFans“ можете да го видите на ОВОЈ линк.