Поранешниот ас на Реал ја презеде клупата на Бока Јуниорс

by 24 фудбал
1 минути читање

Поранешниот аргентински репрезентативец Фернандо Гаго е нов тренер на Бока Јуниорс, каде што ќе го наследи Мартин Демикелис кој неодамна замина од клубот.

38-годишниот стратег седнува на клупата на Бока Јуниорс, клуб кој ќе биде негов најголем предизвик досега во кариерата. Досега Гаго ги водеше Алдосиви, Расинг Клуб и Гвадалахара, а сега ќе има шанса да работи во Бока Јуниорс.

Како играч Гаго имаше добри успеси, тој со репрезентацијата на Аргентина играше во финалето на Мундијалот во 2014 година. На светот му се прослави со настапите за Бока и беше забележан од Реал Мадрид, па во таборот на „кралевите“ мина пет години. Играше уште за Рома, Валенсија, Велез и повторно Бока.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани