189
Трагична вест од Босна и Херцеговина, поранешниот тренер на Сараево, Џенан Ушчуплиќ загина на 48-годишна возраст од удар од гром.
Немилиот настан се случил на Зленгора каде Џенан планинарел со своите пријатели.
Ушчуплиќ бил фудбалер на Сараево, а по завршувањето на фудбалската кариера работел како тренер во младинскиот погодон, па го водел и првиот тим.
Тој му бил тренер и на нашиот Крсте Велковски кој преку социјалните мрежи се збогуваше со својот тренер.