Поранешен европски првак најави промена на логото – а тоа предизвика многу сеир!

by 24 фудбал
1 минути читање

Холандскиот фудбалски великан Феенорд најави дека го менува изгледот на официјалниот грб и лого на клубот.

Сепак, навивачите ширум светот ликуваат и фаќаат сеир. Причината е фактот дека промената на логото е навистина минимална. Се работи само за естетски измени кои повеќето не се видливи на прв поглед.

Поради тоа темата за логото на Феенорд е главна тема во последните 24 часа.

Инаку, Феенорд е поранешен европски првак, бидејќи пред 54 години ја покорија Европа. Покрај тоа имаат трофеи од Купот на УЕФА во 1974 и 2002 година, а исто така и 16 трофеи во холандската Ередивизија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани