84
Фудбалерите на Челзи одиграа неверојатно полувреме за едно европско натпреварување и против Ноа, тимот кој ја елиминираше Шкендија постигнаа шест гола за едно полувреме.
За полувреме какво што не се памети во европскиот фудбал се погрижија: Жоао Феликс кој постигна два гола, а по еднаш во листата на стрелци се запишаа Адарбијко, Гуи, Дисаси и Мудрик.
Останува да видиме дали во вториот дел „сините“ ќе бркаат некоја историска победа или ќе „намалат гас“ и ќе ги чуваат силите за следните предизвици.