299
Панатинаикос со победата над Арис го крена трофејот во Купот на Грција (1-0). Единствениот гол на натпреварот падна длабоко во судиското продолжение, по што дојде до хаос.
Судијка на финалето беше Французинката Стефани Фрапар со своите помошници. Таа покажа три црвени картони, од кои два беа за играчи на поразениот тим. Поради тоа фудбалерите на Арис не можеа да се помират со поразот и по крајот на мечот направија скандал.
Лутите играчи ја бркаа судијката по теренот, а тогаш мораше да реагира полицијата. Службениците за ред и мир им помогнаа на Фрапар и соработниците да излезат од теренот додека фудбалерите на Арис ги бркаа.