Нов селектор на Соединетите Американски Држави од пред неколку денови е Маурисио Покетино.
Дојде како изненадување фактот дека Аргентинецот прифати да ја презеде американската клупа. Сепак, последната негова изјава е во најмала рака преоптимистична, па ако верува во тоа што го зборува – поптисо не е изненадување.
„Мора секогаш да веруваш дека можеш да победиш. Така, верувам дека ќе го освоиме Светското првенство. Сакаме играчите да одат на терен со високи амбиции. За мене вербата е најсилно оружје на еден им, а не талентот. Само така може да се исполнат целите. Сите сметаат дека нема доволно време за да се подготвиме, а јас велам дека е можно. Имаме доволно време да се подготвиме за да бидеме победници на крајот на Мундијалот“, изјави Покетино.
Мундијалот во 2026 година ќе се игра во Северна Америка, каде што домаќини ќе бидат САД, Канада и Мексико, а најголем дел од натпреварите се играат на американско тло.