Тренерот на Челси, Маурисио Покетино вели дека не знае дали и идната сезона ќе биде на кормилото на сините.
Вчера Челси со 2-0 го победи Тотнем, а по мечот Покетино повторно добиваше прашања за неговата иднина.
„Мислам дека е доволно со вакви прашања“, рече нервозно Покетино и се отвори.
„На сите тренери им е потребно време да ги преточат своите идеи и својата филозофија. Уште повеќе кога тимот е како овој што го имам јас. Потребно ни е време, а дали ќе го добијам, тоа не е моја одлука“.
„Тешко е по секое кола да гледам дека јас сум под лупа или под некој суд. Но не е моја одлуката дали ќе бидам тука или не“.
„Ако сакаме да бидеме како историскиот Челси, потребна ни е многу работа. Ќе видиме дали ќе имаме време“.
„Јас сум горд на овие фудбалери, на целиот состав од 25-27 играчи. Им го посакувам најдоброто на нив и до последниот ден тука ќе се обидувам да им помогнам“.