129
Се одржа ждрепката за новата сезона во Серија А која ќе старттува на 17 август со натпреварите од првото коло.
На стартот на сезоната нема големи дерби пресметки. Во воведното коло шампионот Интер оди на гости кај Џенова, Милан ќе го дочека Торино, Рома гостува во Каљари, Наполи оди во Верона, Јувентус е домаќин на Комо…
Две големи дерби пресметки ќе има во петтата рунда на калчото. Интер и Милан ќе се судрат во првото сезонско „Дерби дела мадонина“, додека Јувентус го дочекува амбициозниот Наполи на Антонио Конте.
Потврдено е дека Суперкупот ќе се одигра во Саудиска Арабија, во периодот од 3 и 7 јануари.