Познато кој ќе биде новиот тренер на Ајакс?

by Стефан
1 минути читање

Како што изгледа тимот на Ајакс изгледа пронашол нов тренер кој ќе го замени Џон ван Шип.

Ајакс успеа до некаде да ја спаси сезоната со пласманот во квалификациите за Лигата на Европа. Секако за гигант како Ајакс и тоа е малку, но ако се знае дека во еден период од сезоната беа и во зоната на испаѓање, може да се смета дека на крајот поминале добро.

Сега се припрема реконструкцијата на екипа и почетокот на една нова ера која би требало да ја предводи еден од најмладите тренери во европските лиги. Во прашање е Франческо Фариоли со кого наводно гигантот од Амстердам се договорил.

Фароли со Ница оваа сезона имаше одлични резултати и долго време беа во позиција да се пласираат во Лигата на шампионите, но во последните неколку месеци ја расипаа формата и завршија во Лигата на Европа. Ница сезонава игра цврсти натпревари со малку голови, меѓутоа и знае како да ги скрши ривалите.

Италијанецот не бил прв избор на Ајакс кој сакал да го врати Ерик Тен Хаг, преговараа и со Грем Потер, меѓутоа двајцата не беа заинтересирани. Фариоли има 35 години и освен во Ница досега во сениорскиот фудбал беше тренер уште во турските Карагумрук и Аланјаспор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани