Повредата е минато, познато е кога Нејмар се враќа на терените!

by 24 фудбал
1 минути читање

Бразилската ѕвезда Нејмар е пред својот кам-бек на терените по долгата пауза поради повреда. По трансферот во Саудиска Арабија крилниот напаѓач заработи тешка повреда која го оддалечи од фудбалот.

Сепак, враќањето на Бразилецот е најавено за само неколку денови. Селекторот на Бразил, Дориваж Жуниор откри дека Нејмар ќе заигра за Ал Хилал веќе во следниот меч против Ал Аин во првенството.

Нејмар ни најави дека на 21 октомври ќе заигра за Ал Хилал против Ал Аин. Докторот на репрезентацијата ќе отпатува во Саудиска Арабија и по разговорите со тамошните лекари ќе се процени дали Нејмар е подготвен да игра. Ако е тоа така, верувам дека Нејмар ќе се најде на следниот бразилски список“, изјави селекторот Доривал.

Бразилскиот предводник нагласи дека доколку сè е во ред, Нејмар ќе се врати и во репрезентацијата на Бразил уште во ноемвриските квалификациски мечеви за Мундијалот.

Минатата сезона Нејмар одигра само три натпревари во лигата и два во азиската Лига на шампиони, а потоа го повреди коленото и мина период на долга рехабилитација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани