Познато е зошто пропадна трансферот на Саму Оморoдион во Челси

by riste
1 минути читање

Трансферот на Оморoдион од Атлетико Мадрид во Челси се сметаше за завршена работа, беше поминат и еден дел од медицинските прегледи, но неочекувано преку ноќ зделката пропадна.

Имаше неколку шпекулации зошто пропаднал трансферот на Оморoдион во Челси, а блиски извори до фудбалерот ја откриваат вистинската причина.

Челси се обидел да купи 50 проценти од имиџ правата на Саму Оморoдион откако веќе биле договорени сите детали. Фудбалерот веднаш го одбил предлогот и го сфатил тоа како недоволно почит кон него.

Оморoдион бил навреден од гестот на Челси и си заминал пред да го потпише договорот.

Се шпекулира дека интерес за него има и од други сериозни клубови, па сигурно ќе замине од Атлетико и покрај тоа што не потпиша за Челси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани