Познати се термините за натпреварите на Тиквеш и Шкендија во Конференциската лига

by riste
1 минути читање

Одредени се термините за двата натпревари од првото коло во Конференциската лига каде ќе играат Тиквеш и ШКендија.

Шкендија игра со Ноах од Ерменија, првиот меч се игра на 11 јули во Ерменија, на стадионот „Вахагн Тумасјан“ во Абовјан, додека реваншот е седум дена подоцна во Скопје, на Националната арена „Тодор Проески“. Мечевите се играат од 20 часот.

Тиквеш игра со Бреидаблик од Исланд. Првиот меч се игра во Скопје од 17:00 часот, додека реваншот во Исланд седум дена подоцна од 21:15.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани