175
Изминатите два дена една од темите на која се пишуваше беше изјавата на Пол Погба во која зборува како е скршен и во тешка состојба поради четиригодишната суспензија.
„Готов сум. Јас сум мртов. Пол Погба повеќе не постои“, беа зборовите на Погба кои станаа вирални на социјалните мрежи, а сега фудбалерот одлучи да се огласи преку Инстаграм стори.
Французинот се огласи порачувајќи дека се е погрешно пренесено и дека не е во таква состојба за која што се пишува.
„Стануваше збор за саркастични коментари кои беа опишани како автентични за да се соберат кликови. Се уште сум жив момци, не се грижете“, гласи последната порака на екс-фудбалерот на Манчестер Јунајтед и Јувентус.