По репрезентативната пауза се враќаат возбудувањата во Првата македонска фудбалска лига, со натпреварите од 15. коло.
Се играат пет меча во пладневниот термин, а еден е подоцна под рефлектори. Вардар гостува кај екипата на Воска во Охрид, дербито се игра на „Чаир“ каде што Шкупи е домаќин на Силекс, Брера ќе го дочека шампионот. Второпласираниот Гостивар ќе се судри со Тиквеш, а хитот Работнички ја пречекува Беса на „Градски“. Интересно ќе биде и на „вечерниот“ меч под рефлектори во Битола каде што гостува Шкендија.
- Натпревари од 15. коло на ПМФЛ:
Брера – Струга
Гостивар – Тиквеш
Работички – Беса
Шкупи – Силекс
Воска – Вардар
Пелистер – Шкендија
Пет натпревари се играат во терминот од 13:00 часот, додека само Пелистер и Шкендија ќе се судрат од 17:00.