Платата на Влаховиќ во Јувентус е повисока од годишните буџети на три екипи од Серија А

by Стефан
1 минути читање

Репрезентативецот на Србија, Душан Влаховиќ и сезонава е фудбалерот со највисока плата во Серија А.

Италијанскиот „Кориере дело Спорт“ објави дека српскиот напаѓач во Јувентус има плата од 12 милиони евра и со тоа се наоѓа на врвот. Но посебно се истакнува дека платата на Влаховиќ во Јувентус е повисока од буџетите на три калчолигаши: Емполи, Лече и Верона.

Зад Влаховиќ следи напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, додека на третата позиција има уште еден фудбалер на „нероаѕурите“, Николо Барела.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани