Перез има нова голема желба и нема да жали пари: Спремен е да сруши рекорд!

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид според последните информации од Шпанија и Германија веќе ја избрал главната мета по која ќе тргне во летото кое следи.

Флоријан Вирц наводно е големата желба на Флорентино Перез кој повеќе тоа не го крие и на луѓето од своите кругови им соопштил дека ќе се обиде да го доведе.

Според информациите, Перез е спремен да понуди дури 150 милиони евра, сума со која Вирц би станал најскапиот играч во историјата на Реал Мадрид.

Тој рекорд во овој момент е во сопственост на Еден Азар за кого Реал на Челси му плати 120 милиони евра. Зад него на листата е Џуд Белингем со 113 милиони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани