146
Eкипата на Пелистер денеска го претстави новото засилување во своите редови, а тоа е Бразилецот, Фернандо Карваљо.
Бразилскиот интернационалец стави потпис на договор од една година со битолскиот клуб.
Во редовите на клубот од Битола тој доаѓа од Порто Велхо кој со кој се натпреваруваше во Серија Д. Станува збор за офанзивен играч за врска и со него во тимот Пелистер го засили ростерот за битката во домашниот шампионат. Тој во Битола ќе биде втор Бразилец откако претходно во клубот се врати Лукас Гардозо.
Викендов во рамките од петтото коло Пелистер го чека тежок испит против шампионот Струга Трим Лум.