Горан Пандев без сомнеж е еден од најпопуларните, ако не и најпопуларниот македонски фудбалер. Често тој добива покани да гостува во разни италијански, но и балкански емисии.
На гостувањето во емисијата „Моите ТОП 11“, освен другите теми, Пандев доби прашање да одбере идеален тим од фудбалери со кои ја делел соблекувалната. Интересно е дека тој беше дел од екипи како Лацио, Наполи, Интер, Џенова, а во изборот вклучи и еден играч од Беласица.
- Идеална единаесетка од екс-соиграчи на Пандев:
Голман; Џанлуиџи Буфон (Парма)
Одбрана: Ванчо Костов (Беласица), Стефан Ристовски (Македонија), Валтер Самуел (Интер)
Среден ред: Милан Бадељ (Џенова), Весли Снајдер (Галатасарај), Марек Хамшик (Наполи), Дејан Станковиќ (Интер)
Напад: Милан Рапаиќ (Анкона), Томазо Роки (Лацио), Џанлука Коти (Специја)
Сосема очекувано, Горан Пандев го одбра и најдобриот тренер со кој соработувал, а тоа е Жозе Мурињо.