164
Факундо Пелистри од Манчестер Јунајтед се пресели во редовите на грчки Панатинаикос.
22-годишниот фудбалер немаше простор за игра и развој во редовите на „црвените ѓаволи“, па сега се реши за нов предизвик во Грција. За услугите на Пелистри клубот од нашето соседство ќе плати шест милиони евра, плус уште два милиони низ бонуси.
Исто така, Манчестер Јунајтед ќе добие уште 45% од потенцијалната следна продажба на младиот фудбалер.
Факундо Пелистри беше купен од страна на Јунајтед во 2020 година од Пењарол, а потоа беше позајмуван во Гранада и Алавес.