202
Српскиот голман Марко Димитровиќ наскоро ќе потпише договор со новиот шпански прволигаш Леганес.
Клубот од предградието на Мадрид се враќа во Ла Лига по четири години и тоа како првопласиран тим од втората шпанска лига.
Димитровиќ падна во втор план во Севиља, а како што пренесуваат медиумите во Шпанија договорт е постигнат.
Српскиот голман има 32 години и негова желба во овој преоден рок беше да пронајде клуб каде што ќе биде стандарден.