265
Фудбалскиот клуб Јувентус се пофали со потписот на Хуан Кабал. Се работи за млад лев бек од Колумбија кој се пресели во таборот на „старата дама“.
Навивачите на Јувентус почнаа да го нарекуваат „новиот Квадрадо“ поради фактот дека е Колумбиец и позицијата. Кабал има 23 години и во Јуве доаѓа за сима од речиси 13 милиони евра. Тој минатите две сезони беше дел од Верона, а претходно играше за Атлетико Насионал во родната земја.
Инаку, интересно е дека во напредна фаза беа преговорите на Интер за ангажман на Хуан Кабал. Сепак, Јувентус влета во последен момент со подобра понуда и го „украде“ планираното засилување на шампионот.