281
Скопски Вардар промовира големо засилување за следната сезона. Старо-нов член на тимот е Филип Најдовски, кој по четири сезони се враќа во клубот.
Вардарци добиваат нова сопственичка структура, а веќе се работи на креирање силен тим за следната сезона. Најдовски настапуваше за Вардар ос 2018 до 2020 година и потоа се пресели во Тирана, каде што играше редовно и стана капитен на клубот.
По истекот на договорот клубот се обиде да го задржи во своите редови, но не успеа пред понудата на Вардар. „Црвено-црните“ и Најдовски потпишаа договор во времетраење од четири години, што не е чест случај во Првата македонска фудбалска лига.
Освен Најдовски клубот работи и на нови потенцијални засилувања за следната сезона.